Насловна / Вести / Белград купи во Германија и врати во земјата план на ентериер за српската кралска палата

Белград купи во Германија и врати во земјата план на ентериер за српската кралска палата

Градот Белград и Музејот на град Белград во Германија купија скапоцен и неодамна откриен план на ентериер за српската кралска палата (Interior Design Plans of the Serbian Royal Palace), кој го изработиле германскиот дизајнер Аугуст Бозе и неговата сопруга Елза Бозе од Вајмар.

3

Проектот го нарачал и платил кралот Петар I Караѓорѓевиќ. Станува збор за албум во два тома со 50 акварели и 80 цртежи со графитен молив на специјална јапонска хартија. Албумот требало да биде испратен во Србија во летото 1914 година, но избувнала Првата светска војна и така останал во Германија. Новата палата, во која денес е сместено Претседателството на Република Србија, чија изградба започнала во 1911 година, а завршила во 1922 година, никогаш не е уредена според овој проект. Александар Караѓорѓевиќ, престолонаследник, а потоа и крал, по Првата светска војна не сакал ентериер на својота палата од Германци, омразени непријатели од Големата војна. Работата на уредувањето на ентериерот на Новиоата палата го добила и завршила француската компанија „Безије“

1

Планот за дизај на ентериерот на Новата палата ќе биде дел од поставката на Музејот на град Белград, од каде велеат дека Белград ќе продолжи да ги купува и да ги враќа српските културни богатства што се наоѓаат низ светот.

2

4

Испрати коментар

Scroll To Top