Насловна / Вести / Белград ќе добие два продажни центри на Ikea

Белград ќе добие два продажни центри на Ikea

ikea-srbija
„Белград е регионален центар за Ikea во Југоисточна Европа уште од крајот на 2007 година и тука промени нема. Нашата компанија не се откажала, ниту ги сменила плановите за српскиот пазар. И понатаму работиме на тоа да отвориме пет продажни центри во целата земја“, изјави Владислав Лалиќ за „Вечерње новости“, директор за развој на Ikea за Југоисточна Европа.
На прашањето зошто толку се чека на влегувањето на шведскиот произведувач на мебел на српскиот пазар, Лалиќ вели дека никогаш не бил договорен точен датум за отворање на продажен центар. Порано или подоцна, Белград ќе добие два продажни центри на Ikea. За препреките во работата на овој пазар вели дека се комбинација на законско-административни предизвици и очекува многу брзо да бидат решени.
Продажниот центар на Ikea во Загреб веќе се гради и треба да биде отворен на крајот на летото. Продажниот центар, на 38.000 метри квадратни, ќе нуди преку 9.000 производи за уредување на домот, а во ресторанот со преку 600 места за седење ќе се нудат шведски и локални јадења.

Испрати коментар

Scroll To Top