Насловна / Вести / Белград истражува дали може да се користат геотермални води во системот за централно греење

Белград истражува дали може да се користат геотермални води во системот за централно греење

ЈКП „Београдске електране“, претпријатие кое управува со сиситемот за централно греење на српската престолнина, распиша тендер за изработка на студија за геотермалниот потенцијал на подземните водни ресурси на територијата на топланите и котларниците. Се истакнува дека намерата на ова претпријатие е во согласност со европските тенденции за нови генерации далечински системи за греење без емисии на CO2, но и поради ситуацијата  со енергентите во светот, во наредниот период да се остварат што поголеми заштеди во потрошувачката на главните енергенти – природен гас и течни горива.

беоелектране1

беоелекране2

Основните цели во изработката на студијата се изведување на детални геотермални истражувања на избраните локации на топланите во Белград, проценка на геотермалниот потенцијал, избор на пилот подрачја за понатамошни истражувања и утврдување на физибилноста во технолошка и финансиска смисла за секоја од локациите. Станува збор за вкупно 18 топлани и котларници во Белград. Тендерот е отворен до 24-ти август.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top