Насловна / Вести / Белград и Приштина планираат електрана со литиумски батерии за складиштење на енергија

Белград и Приштина планираат електрана со литиумски батерии за складиштење на енергија

Стопанските комори на Србија и Косово, соопштија дека ќе состават тим за економска соработка, кој ќе придонесе за подготовка на проекти во енергетиката, одржливиот туризам, инфраструктурата и сообраќајот. Една од областите за заедничка работа е одржливата енергетика и отворањето на електрана со систем за складирање на енергија.

Во Белград, САД отворија канцеларија на својата Корпорација за финансирање на меѓународниот развој  (DFC). Србија и Косово, преку своите стопански комори ќе работат на развојот на Западен Балкан на економско, социјално и политичко поле, кажано е по повод овој настан. Напорите за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, ќе вклучува производство и диверзификација на енергија, и истражување на експолатацијата на литиум, како и другите вредни руди.

Стручњаците и претставниците на компаниите, би требало да се занимаваат и со инфраструктурата и сообраќајот. Посебна група за агротуризам ќе има задача да ги анализира можностите за одржлив туризам на дестинации како Копаоник, Брезовица и Руговска клисура. Групата за развој на инфраструктурата, треба да придонесе за изградба на автопат помеѓу  Ниш и Приштина, реконструкција на пруги и поврзување со пристаништата на Јадранско море. Стопанските комори укажуваат и на потенцијалот за изградба на индустриски зони, и соопштија дека ќе биде набавена технологија за производство на енергија со спалување на отпад и други проекти.

dfc1

dfc2

dfc3

Испрати коментар

Scroll To Top