Насловна / Вести / Белград гради постројка за спалување отпад

Белград гради постројка за спалување отпад

Pecka za sogoruvanje djubre

Градот Белград објави јавен повик за поднесување на конечни понуди за санација на депонијата за комунален отпад во Винча, откако во претквалификацијата минаа пет компании. Се работи за јавно-приватно партнерство, а проектот опфаќа санација и завторање на постоечките депонии, искористување на депонискиот гас за производство на енергија, третман на отпадните води, изградба на постројка за спалување на комуналниот отпад  и производство на електрична и топлинска енергија, како и рециклирање на градежен отпад.

Проценетата вредност на работите според белградскиот градоначалник е 300 милиони евра. Со изградбата на постројката за спалување на отпад, депонијата „Винча“ која има капацитет за складирање на отпадот за наредните 20 години, ќе може да го продолжи векот на експлоатација. Од  градската администрација уверуваат дека постројката ќе има најсовремена технологија и ќе биде во согласност со највисоките еколошки стандарди на Европската Унија.

 

Испрати коментар

Scroll To Top