Насловна / Вести / Белград го продава центарот „Сава“

Белград го продава центарот „Сава“

Град Белград го понуди на продажба центарот „Сава“ по почетна цена од 27,4 милиони евра. Обврска на купувачот е во рок од пет години да изведе градежни и занаетчиски работи на адаптација на објектот, чија вкупна вредност не може да биде пониска од 50 милиони евра.  Исто така, обврска е и да не се промени намената на Центарот, односно тој да остане во функција на конгресниот туризам, бидејќи има статус на претходна заштита. Еден од заинтересираните купувачи е компанијата Delta holding. За учество во продажбата потребен е депозит од 2,7 милиони евра, односно 10% од почетната цена. Продажбата се реализира со собирање на писмени понуди кои се доставуваат до 21-ви август.

Објектот кој датира од времето на поранешна Југославија наменски е проектиран и изграден за конгференцијата на ОБСЕ која с еодржала во 1977 година во Белград. Токму таа година се смета како роденден на објектот, иако тој целосно е завршен во 1979 година. Автор на проектот е Стојан Максимовиќ.

sava1

sava2

sava3

Испрати коментар

Scroll To Top