Насловна / Вести / Белград го добива првиот хотел од синџирот „Marriott“

Белград го добива првиот хотел од синџирот „Marriott“

111205-MARRIOT-VS-03
Следната есен Белград ќе добие уште еден хотел со четири ѕвездички, и тоа прв од меѓународниот синџир „Marriott“, со вкупно 114 соби и вкупна корисна површина од 7500 метри квадратни. Инвестицијата во строгиот центар на градот вреди околу 25 милиони евра, а хотелот ќе биде официјално отворен во третиот квартал од 2015 година.

marriott-beograd-1
„Marriott Belgrade City Centar hotel – Beograd“, се гради на местото на некогашната стоковна куќа „Jugodrvo“, во Васина улица, веднаш до објектот на Народниот театар. Хотелот „Marriott“ во Белград е сопственост на инвестиционата компанија PFB „Propertis“, а кога ќе биде завршен ќе биде предаден на управување на синџирот „Marriott“. Нoвиот хотел ќе има пет ката над земја, уште два во потпокривот и две нивоа под земјата.

Испрати коментар

Scroll To Top