Во согласност со политиката на Град Белград за намалување на загадувањето, Градското сообраќајно претпријатие (ГСП) “Београд“ набавува 200 нови автобуси со погон на природен гас. “ Во наредниот период, во текот на наредните години, за секоја нова набавка на автобуси, услов ќе биде погон на алтернативни горива. Актуелниот возен парк на главниот градски превозник е таков што 83% од автобусите имаат еуро5 и еуро6 мотори, а планот е останатиот процент на возила да се заменат со нови односно да бидат расходувани,“ велат од ГСП „Београд“