Насловна / Вести / Белгија: Мега проект за обновливи извори на енергија

Белгија: Мега проект за обновливи извори на енергија

Со цел да ја забрзаат енергетската транзиција, научниците од Универзитетот во Лиеж, промовираат инсталирање на десетина илјади ветерни турбини на Гренланд, за снабдување на електрична енергија на голем дел од Европа. Професорот Ернст и неговиот тим работат на условите на изводливот на ваков проект во јужниот дел на Гренланд. Нивните досегашни истражувања покажале дека специфичните ветришта на ова подрачје би обезбедиле енергија неспоредлива со онаа од ист тип електрани на други континентални локации. Во тој дел на Гренланд дува ветер предизвикан од ладењето на воздушните маси при контакт со ледените површини. Резултатот е брз и нонстантен ветер, наречен катабатски ветер, по кој и самиот проект го добил името „Катабата“.

A,Wind,Turbine,,Or,Alternatively,Referred,To,As,A,Wind

katabata2

Испораката на електрична енергија за европскиот континент останува голем предизвик. Покрај опцијата за 4.000 километри долг подморски кабел, тимот истражувачи предлага и анализира и други технолошко иновативни опции. Реализацијата на еден ваков проект бара инвестиција од околу 10 милијарди евра. Но сепак неговата долгорочна финансиска и климатска исплатливост веќе го привлекува интересот на енергетските групи.

katabata3

 

Испрати коментар

Scroll To Top