Данска и Белгија потпишаа спогодба за соработка во областа на транспортот на јаглерод диоксид (CO2) помеѓу двете земји со цел трајно геолошко складиштење. Освен рамката за соработка во врска со зафаќање, искористување и складирање на јаглерод диоксид (CCUS), страните склучиле договор за тоа како може да се одвива прекуграничниот транспорт на CO2 според Лондонскиот протокол, за кој се вели дека долго бил прашање без одговор во развојот на меѓународниот ланец на вредности на таквата трговија.
Станува збор за прв билатерален договор од ваков вид. Данската влада одобрила финасирање во вкупен износ од околу 41 милиони долари за два CCS проекти на крајот на минатата година, кој ќе ја користи постоечката нафтена и гасна инфраструктура во Северното море. Од Белгија неодамна е објавено дека белгискиот оператор на LNG терминалот Fluxys и норвешкиот енергетски гигант Equinor се согласиле да развиваат голем CCS инфраструктурен проект кој ќе ги поврзува двете земји. Треба да се овозможи транспорт на заробениот CO2 од емитерите до сигурните складишни места во Северното море. Одлуката за инвестирање се очекува до 2025 година.
Меѓувладиниот панел за климатските промени (IPCC) нагласува дека складирањето на CO2 е клучен инструмент за ублажување на климатските промени, бидејќи може да ја ослободи атмосферата од емисииите на стакленички гасови, кои инаку би било тешко да се намалат. Според IPCC, меѓународниот транспорт е битен бидејќи немаат сите земји можност за складирање, а регионалната соработка и прекуграничната инфраструктура имаат клучно значење.