Белгија е првата држава во Европа која го вброи екоцидот во злосторства на национално и меѓународно ниво, покрај геноцидот, злосторствата против човештвото, воените злосторства и злосторствата на агресија. Неколку дена подоцна, Европскиот парламент ги изгласа измените на директивите на Европската унија за еколошки злосторства. „Екоцид“ во буквален превод значи „убивање на животната средина“. По дефиниција, тоа се „противправни или безобзирни дела кои с енаправени со сознание дека постои голема веројатност за сериозна и широко распространета или долгорочна штета по животната средина предизвиката од тие дела“. Примери на екоцид се: Прекумерен риболов, излевање на нафта, хемиско и загадување со пластика, масовна сеча на шуми заради одгледување стока, екстракција на минерали и анфта и производство на палмино масло, како и радиоактивна контаминација.
Новите казни во Белгија ќе с еприменуваат на поединци на највисоки позиции на одлучување, како и на самите корпорации. Предвидената казна за одговорните лица е до 20 години затвор, а за компаниите може да достигне 1,6 милиони евра. Измените во законодавството с енаправени и под силно влијание на невладиниот сектор, а петицијата која ја покрена Greenpeace ја потпишале над 43.000 граѓани.