Насловна / Вести / Белгија го одложува гасењето на нуклеарките за десет години

Белгија го одложува гасењето на нуклеарките за десет години

По маратонската седница на владата минатиот петок, Белгија сепак го одложи планот за укинување на нуклеарната енергија за 10 години, па сега новиот рок е 2035 година. Белгија има две нуклеарни електрани со вкупно седум реактори. Ветувањето за постепено укинување на нуклеарната енергија постои во белгискиот закон од 2003 година, а одлуката за повторно одложување на мораториумот наиде на жесток отпор од страна на партијата на Зелените.

belgija1

Во планот за одложување, владата се согласува на продолжување на работниот век на реакторот Doel 4 во близина на Антверпен и на Tihange 3 во близина на Лиеж, до 2035 година. Владата мора да преговара со францускиот енергетски гигант Engie, кој е сопственик на овие електрани во Белгија, за трошоците во врска со новиот план. Во секој случај се планира два реактори да бидат исклучени веќе во 2025 година, а ќе бидат инвестирани средства во развој на мали нуклеарни реактори веќе во следните 4 години. Зелените го поставиле како услов ислегувањето од нуклеарната енергетика до 2025 година, за да се придружат на нестабилната владејачка коалиција.

belgija2

 

Испрати коментар

Scroll To Top