Насловна / Архитектура / „Бела тврдина“ на морскиот брег на Кувајт

„Бела тврдина“ на морскиот брег на Кувајт

Архитектонското биро TAEP/AAP со седиште во Кувајт проектирало линеарна резиденција која има висок цилиндричен светилник на приватна плажа во Ал Киран, Кувајт.

Куќата хоризонтално се протега кон брегот, балансирајќи го односот полно – празно и проширувајќи го богатството на фасадата од различни агли.

Наречена „Бела тврдина“, куќата од 1.045 квадратни метри е замислена како атрибуција на архитектурата на Северниот Залив на „приватност и дискреција“.

Како одговор на климатските услови, куќата користи пасивно ладење и греење додека го задржува својот култен изглед, кој го карактеризира скромен дизајн со текстуриран и кремасто тониран бетон.

Куќата е опкружена со високи, дебели ѕидови кои обезбедуваат засолниште од лошите временски услови и сувата околина, а истовремено затвораат мирна и пријатна внатрешност.

Во рамките на правоаголната енклава со ѕидови, концептот на домување на приземјето е распоредена околу пациа. Главната заедничка просторија и пацијата имаат внимателно вклопени застаклени фасади кои се претопуваат со обликувањето на куќата.

На секе пацио или двор му е доделена посебна улога, како што се поздравување, одмор или славење, за да се пружат различни искуства.

Приватните и социјални делови се одвоени од услужните компоненти со централна зелена „оаза“. Внатрешноста е исполнета со соби со добри пропорции кои се отвораат кон мали зелени градини и низа пациа со овална форма, додека патеките ги поврзуваат сите компоненти на куќата и ги претопуваат просторите еден во друг.

Од главниот влез до приватните семејни области, коридор со аксијална циркулација се движи низ низа градини и пација создавајќи ритмичка игра на сенка и длабочина.

На самиот брег, куќата е свртена кон морето, во интеракција со песочните дини и флората преку отворена, делумно покриена поплочана површина што ја врамува хоризонталноста на морскиот пејзаж.

Примарната пријатна заедничка просторија на куќата и внатрешниот простор се без напор поврзани со нејзиното проширување до приватната плажа.

Во центарот на „оазата“, вниманието го привлекува високиот, цилиндричен волумен. Тоа е место за медитација и изолација што се издигнува како светилник на морскиот брег.

Нуди спокоен амбиент за мир и размислување. Кровот, кој станува рефлектирачка површина за одење, е достапен од кулата. Кулата и кровот пружаат простран поглед на дините, градините на куќата и неограничениот морски хоризонт.

Испрати коментар

Scroll To Top