Дизајнерското студио за ентериери Ofist со седиште во Истанбул дизајнираше пентхаус на горниот кат од стогодишна историска зграда на улицата Beyoglu во Истанбул.
Овој „бел дом“ е дизајниран за британка која работи во текстилната индустрија, а која е заљубена во погледот што го овозможува пентхаусот и ужива во својот дом исполнет со светлина.
Главната цел на архитектите билa креирање на светол, отворен и свеж простор кој овозможува приватна и пријатна атмосфера наспроти метежот и вревата во овој дел од градот.
Просторот на ентериерот во целост е реализиран со дабов паркет и бело насликани дрвени тавани како и железно врамени прозорци кои воопшто не го нарушуваат погледот кон надвор. Еден од ѕидовите е дизајниран како библиотека до таванот. Tенките, метални и спирални скали водат до терасата што се наоѓа на врвот од покривот со поглед на Златниот Рог, а тие овозможуваат пристап и до горните рафтови од библиотеката.
Металните површини на скалите се украсени со перфорирани форми на лисја и ги симболизираат лисјата на исечените дрвја, што резултираше со познатите протести во паркот Гези во Таксим, минатата година.
Архитектонско биро: Ofist/Yasemin Arpac & Sabahattin Emir
Локација: Истанбул / Турција
Тип на проект: Дизајн на ентериер / Пентхаус
Површина: 130 м2
Датум на реализација: 2015
Фото: Ali Bekman (copyright Ofist)