Замислете… плажа, море, сонце. Песок како брашно. Патека, мост, бескрајна далечина… Мир.
На југот на Шведска ова и не е така ретко. Луѓето уживаат во осаменоста, природата, тишината.
Секое семејство има своја куќичка. Секоја даска на мостот е донација од некој од нив. На секоја, порака, мудрост, спомен.
Најчудно, не се чувствуваш како странец, на почетокот можеби, додека не сретнеш некој од „нив“, кој ќе ти посака добредојде и ќе ја сподели оваа убавина со тебе.
Рај.