Децата во основното училиште „Димитар Миладинов“ и нивните другарчиња ќе можат да пливаат во комплетно реконструираниот базен.
Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски го исполнија барањето базенот повторно да биде ставен во функција.
Досегашниот, кој беше во лоша состојба и во просторија полна со влага, сега е современо место за рекреација на младите по највисоките стандарди за базени во затворен простор. Длабочината е 1.70 м.
Санирана е кровната конструкција, бојадисани се ѕидните површини, ходниците, влезот и соблекувалните.
Поставени се пумпна станица, филтри и цевовод, а секоја недела Заводот за бактериолошна исправност го контролира квалитетот на водата во базенот.
Комплетно се променети електричната инсталација и вентилацијата. Санирано е коритото, кое беше испукано, изградени се нови соблекувални и тоалети.
Просторијата на базенот се грее во текот на целиот ден.
За поголема безбедност на децата, поставен е и видео надзор, а сијалиците се променети со лед диоди.
Сите ученици ќе можат да пливаат и во сабота, без надоместок, од 10:00 – 14:00 часот, а оваа можност ќе ја имаат и за време на летниот распуст.