Насловна / Вести / Базар-викенд во „Јавна соба“ на 5 и 6 декември

Базар-викенд во „Јавна соба“ на 5 и 6 декември

По завршувањето на Неделата на дизајн во Скопје, фокусот од дизајн и индустриско производство се префрла на занаетчиството, ракотворбите, односно целосната креативност изразена преку вешта мануелна изработка на домашните мајстори. „Јавна соба“ во соработка со МАТА го најавуваат првиот предновогодишен базар, кој ќе се одржи на 5 и 6 декември, во центарот за дизајн во Скопје.базар викенд

Оваа викенд-понуда опфаќа презентација на вештините на производителите на накит, ракотворби, облека и на декоративни предмети. Целиот овој занаетчиски асортиман ќе биде претставен по многу поволни услови, што значи дека големиот попуст ќе биде главна награда за сите посетители, а за сето тоа комплетно да се затвори како успешна викенд-приказна, организаторите веќе работат напорно да се обезбеди доволно греано вино, кафе, чај и забава.

– Веќе подолго време изложени сме на голем притисок од страна на занаетчиите, изработувачите на накит и модните дизајнери, да организираме настан на кој нивните производи ќе добијат централно внимание. Станува збор за многу креативни и вешти луѓе од различна старосна структура, кои прават изненадувачки добри работи со своите две раце. Сето тоа што ниедна машина не може да го направи, тие можат! Производите се создадени со голема умешност, многу часови работа и огромна доза на креативност, па затоа и се одлично прифатени од купувачите. Поканивме 20 креативци со врвен асортиман и знаме дека публиката ќе биде позитивно изненадена – велат организаторите.

Влезот е слободен за сите посетители, а работно време на викенд-базарот е од 10.00 до 21.00 часот. „Јавна соба“ е дом на сите креативци кои сакаат и умеат да пласираат вистински вредности.

Испрати коментар

Scroll To Top