Пловечкиот фотонапонски систем во Графенверт е поставен на вкупно 14 хектари површина на две езера, создадени врз јамите за ископување на песок и шљунак. Годишно ќе произведува 26,7GWh електрична енергија, што е еквивалентно на потребите на околу 7.500 домаќинства во тој крај. Постапката во врска со овој проект е исклучително забрзан, соопшти германската компанија BayWa r.e. За само десет недели поставени се 45.304 соларни модули. Покриена е 42% од вкупната површина на споменатите езера. Постројката е најголема во Централна Европа.
Менаџерот на проектот вели дека главните предизвици на овој проект биле поврзани со добивањето на одобренија за примена на оваа нова фотонапонска технологија во Австрија и условите на теренот, каде што висинската разлика помеѓу местата на копно на кое се поставени 2.844 пловечки носачи и новото на водата изнесува седум метри. Со цел да се заштоти екосистемот, неколку години ќе бидат работени редовни истражувања за популацијата на риби во езерата и други видови. Вклучувајќи го Графенверт, BayWa r.e. извел вкупно 15 пловечки фотонапонски проекти со над 230MW инсталирана моќност ширум светот. BayWa r.e. заедно со својата холандска подружница GroenLeven во последните неколку години ги има пуштено во работа трите најголеми пловечки фотонапонски постројки надвор од Азија. Сите три електрани се поставени ан некогашни површини на кои се вадел песок, и тоа на местата каде езерата се најдлабоки, со цел да не се наштети на биодиверзитетот. Предноста на пловечките фотонапонски електрани е што не зафаќаат корисно земјиште и што го спречуваат испарувањето ан водата. Резултатите од неодамнешното истражување во бразил покажале дека испарувањето на водата може да се намало до 60%.