Насловна / Вести / „Бавната улица“ која Французите ја прогласија за национално богатство

„Бавната улица“ која Французите ја прогласија за национално богатство

Познат како „Наполеонова рута“, патот долг 325 километри ги привлекува вљубениците во историјата, кои доаѓаат да тргнат по стапките на Наполеон, на патувањето кое засекогаш го променило текот на европската историја. Имено, ситуацијата во која се нашол Наполеон Бонапарта на почетокот на 19-тиот век, била крајно непријатна. Поразен, тој морал да абдицира и се наоѓал во егзил на островот Елба каде поминал една година. Наместо да ја чека својата судбина, тој побегнал од островот и заедно со 700 свои приврзаници тргнал кон Париз. И покрај тоа што неговата глава била уценета, тој стигнал на своето одредиште за помалку од две и пол недели. Во Париз ја собрал војската и повторно ја освоил власта. Тој пресврт е означен како едно од најголемите враќања во историјата, а рутата по која минал преку Алпите до Гренобл, станала легендарна.

napoleon1

napoleon2

napoleon3

„Наполеоновата рута“ е француско национално богатство, вели Jérôme Viaud, градоначалникот на Grasse, град најпознат по индустријата на парфеми, но и по една од главните станици на „Наполеоновата рута“. Патот од Средоземното море до Алпите, може да се пофали со неверојатна разноликост на пејсажите, архитектурата, културата и историјата, и затоа не чуди што градоначалникот на Grasse, кој е и претстедател на згружението „Наполеонова рута“  (A.N.E.R.N), ги кани посетителите да ја запознаат Франција на патување низ 42 помали и поголеми места. На таа листа се Vallauris, летувалиште во кое уживале уметниците како Пабло Пикасо, потоа познатиот Cannes, бисерот на француската ривиера, како и Castellane од каде се тргнува кон кањонот Gorges du Verdon. Sisteron, Gap и Grenoble се исто така некои од задолжителните станици.

napoleon4

napoleon5

napoleon6

Испрати коментар

Scroll To Top