Насловна / Саеми / „BAUMA“ 2010 Меѓународен саем за градежни машини

„BAUMA“ 2010 Меѓународен саем за градежни машини

bauma-2010.jpgМеѓународниот саем за градежни машини, машини за градежни материјали,
рударски машини, градежни возила и градежна опрема „BAUMA“ се одржа
од 19 до 25 април во центарот на баварската престолнина –Минхен.
Најновите иновации, технологии, продукти и сервисни алатки, присуството на
клучните играчи на пазарот со градежни машини го прават овој саем
најголем во светот.

 

Иако посетеноста на саемот со гости кои доаѓаат од
прекуокеанот беше намалена поради затвореноста на авиосообраќајот во
Европа, сепак изложбата што се простираше на 555.000 метри квадратни ја
видоа 415.000 посетители од повеќе од 200 земји. Воедно, саемот покажа
дека светската кризата ја одминува градежната индустрија. 

 

bauma-2010-2.jpg„Видовме многу новитети , посетивме многу
штандови, многу трендови. Од новитетите ќе ги
споменам презентираните хибридни машини
кои работат на комбиниран погон. Тенденцијата во
светот е да се произведуваат машини кои ќе бидат
еколошки. Овие работат на дизел и на електрична
енергија. Кога се на нагорнина, бидејќи им е потребна
поголема сила работат на дизел, а кога се на
надолнина работат на електрична енергија. Дизелот се
користи и како агрегат од кој се произведува енергија
која потоа се складира во батерии, кои по потреба се
користат.“ – вели м-р Горан Мијоски, кој беше дел од
делегацијата на Друштвото за патишта, го посети
најголемиот саем за градежништво и градежна
механизација „БАУМА 2010“.
На најголемиот саем за градежништво кој се одржува
секои три години, македонската делегација ги видела
најзначајните достигнувања во оваа област. Ги посетиле
штандовите, како што е оној на „Бомаг“ и таму можеле
да го видат она што во моментов можеби претставува
врвно достигнување кај градежните машини, односно сè
што го подига квалитетот на изградба на инсфрактурата.
Тоа се машини, кои во зависност од намената, во мал
дел или целосно се програмирани сами да ја
извршуваат работата.
„Овие машини можат да се контролираат од
градежниот инженер дирекно од канцеларија, преку
интернет, до сензори во машините.“ вели Мијоски.
Според него машинецот само управува, но не се
остава на неговата сугестивна проценка колку пати да
помине. „Машините автоматски определуваат колку
пати да се помине теренот, со кој притисок. Овие
машини сè уште се во рамка на прототип. Кај помали
валјаци видовме примери кои беа управувани само од
инженер од далечина, без присуство на човек.
Големината на валјаците беше различна, а се движеше
од 500 кг. до 10 тони. Овие мали валјаци се користат за
обработка на подлоги кај помали површини“, објаснува
тој.
Исто така присуствувале и на презентација на грејдери.
Како нов тренд претставува тежнеењето една машина да
извршува повеќе функции и притоа присуството на
човечкиот фактор да се сведе на минимум. Машините
сами можат да ги откачуваат и закачуваат корпите во
зависност од големината и типот. Мерењето на
носивоста на корпите е исто така автоматска.
Според Вулнет bauma-2010-3.jpgПалоши, претседател на Друштвото за
патишта, импресивни биле презентираните современи
машини за површинска обработка на патишта. „Тие се
како подвижни лабoратории кои истовремено го гребатасфалтот и на самото место, во резервоар кој се
наоѓа во машината, го преработуваат. Потоа веднаш
се врши асфалтирање. Процесот се изведува со ладен
асфалт, наместо како досега со топол. Кај нас, за жал
овие машини сè уште не се користат. Економски се
поисплатливи од повеќе причини. Прво, не се троши
енергија за загревање и транспорт на асфалтот. При
транспорт смесата се лади и се губи енергија, а сето
тоа чини пари. Потоа се нанесува слој од 1см, наместо
5 см и тој слој се заменува секоја година. Ова има
свои предности од два аспекта. Првиот аспект е
квалитетот на површината. При топол асфалт се прави
врвна површина, но нејзините карактеристики со
времето слабеат. Со ладноасфалтна техника имате
постојано добри површини кои пак се главни за
безбедноста на сообраќајот. Вториот аспект е што не
ги давате парите наеднаш, туку се даваат делумно.
Разликата е во тоа што средствата се цело време кај
вас и со нив во меѓувреме може да работите.
Дебелината на слојот што го нанесувате може да биде
од 5мм до 2 см . Постојат два типа машини во
зависност од големината на резервоарот, а цените се
350.000 и 450.000 евра. “
Ова е само дел од презентираните машини кои се
надеваме наскоро ќе почнат да се применуваат и во
Македонија. Запрашани за организацијата на саемот,
од Друштвото за патишта не го криеја своето
воодушевување. „Германската прецизност беше
препознатлива од самиот почеток. Саемот беше
беспрекорно организиран. Уште пред почетокот, од
организацијата ни испратија покана со распоред на
сите светски промоции. Агендата беше беспрекорно
испланирана и реализирана. Секој производител
имаше свое шоу на кое практично можеше да се
види како функционираат машините. За првпат на
саемот видовме кинески компании кои во последните
години агресивно се пробиваат на градежниот пазар.
По завршувањето, ни испратија известување како
поминал саемот. Наредниот е во 2013 година и се
надевам дека и тој ќе го посетиме. “ кажува м-р Горан
Мијоски.

 

Друштвото за патишта на Република
Македонија, како дел од своите
програмски активности, годинава
организираше посета за своите членови
на најзначајниот саем за градежништво
во светот. Претседателот на Друштвото
за патишта д-р Вулнет Палоши и м-р
Горан Мијоски ни ги пренесоа
најзначајните достигнувања забележани
на саемот.

Испрати коментар

Scroll To Top