Градежната компанија „Бауер БГ“ е добитник на тендерот за изградба на долгонајавуваниот водовод за Сопиште.
Изградбата на водоводот е предвидено да биде готова во наредните 18 месеци. Во конкуренција од осум други понудувачи, компанијата „Бауер БГ“, која најмногу работи со Град Скопје и ги гради речиси сите патиштата низ Скопје, е одбрана како најповолен понудувач и за овој проектот вреден околу 2,2 милиони денари.
Со водоводот ќе се опфатат водите на Патишка река и треба да се спроведе цевковод во должина од вкупно 22 километри, кој би ја спровел водата до населените места на општината, главо за т.н „Сончев град“, проект на владата на Груевски.
Тендерот за овој проект беше објавен во март годинава.