Насловна / Вести / BAU 2017: Собиралиште на светската градежна фела

BAU 2017: Собиралиште на светската градежна фела

Познатиот меѓународен саем за архитектура и градежништво во Минхен – BAU 2017, се одржа од 16 до 21 јануари. На овој саем, кој се одржува на секои две години, биле презентирани материјали, технологии и системи за градежниот сектор, како за комерцијална изградба така и за изградба на куќи, внатрешни работи, но и за модернизација и адаптација на разни простори.бау минхен 2017_05

На саемот, кој бил посетен од преку 300.000 посетители од 156 држави, имало околу 2.120 изложувачи од 45 земји, а изложбениот простор се состоел од 17 хали на површина од околу 183.000 метри квадратни, и бил опфатен комплетниот асортиман на градежна опрема и производи.бау минхен 2017_03

Како што знаеме, BAU е водечки светски саем кој поставува стандарди во градежништвото и ги собира најзначајните компании и експерти од целиот свет. На овогодишниот саем, акцентот бил ставен на иднината на градењето: интелигентни фасади, дигитално проектирање, изградба и управување со вмрежени згради и цели урбани дистрикти кои овозможуваат одржливост во своето функционирање. Биле претставени конкретни и иновативни решенија кои обезбедуваат инспирација за натамошно унапредување во градежната индустрија.бау минхен 2017_04

На саемот, исто така, се појавиле голем број излагачи кои своите решенија ги покажале директно во рамките на својот изложбен простор, па посетителите и експертите имале можност да дискутираат и дебатираат на различни теми кои се однесуваат на иднината на градењето.бау минхен 2017_07

Биле презентирани модуларни објекти изградени за еден ден, зелени структурни елементи за вертикални фасадни градини, комплетни решенија за зелени кровови, материјали за санации, висококвалитетни хидроизолациони системи, термоизолациони материјали, епоксидни и полиуретански смоли наменети за изработка на индустриски подови…бау минхен 2017_06

На крајот, во рамките на саемот бил организиран специјален настан кој во целост го заокружил овогодишниот саем, т.н. Долга ноќ на архитектурата.

Испрати коментар

Scroll To Top