Деновиве Минхен беше центар на планери, проектанти и градители од цел свет.Илјадници изложувачи и посетители се сретнаа на една од најголемите саемски манифестации БАУ – 2009, која традиционално се одржува во Минхен, Република Германија, на секои две години.
Меѓу посетителите од нашата држава беше и инженерскиот тим од целиот
Деловен Систем Адинг, кои и ни ја подготвија оваа фото репортажа од
големиот настан. Екипата од градежни инженери, архитекти и технолози мо
жеа да ги видат иновациите за градежните материјали и најновите
системите за градење. Новитетите од областа на градеж ната индустрија и
архитектурата, беа претставени на највисоко ниво, со што се потврдува
големината и значењето на саемската манифестација. Во објектот на New
Munich Trade Fair Centre, на вкупно 180.000 квадратни метри, БАУ
привлече 210.000 посетители со што го постави новиот рекорд во својата
40- годишна историја.
Присуството на новитети од кинески и јапонски компании с¢ уште еден доказ за високиот рејтинг и посетеност на саемот надвор од Европа. Преполните штандови и посетителите од различни профили го создадоа впечатокот за отсуство на светската економска рецесија. Вистинско надополнување се до живува со врвно дизајнираните штандови и употребата на екстремно модерни материјали и креации. Беа изложени многу светски компании како што се: BASF,SIKA,SHUCCO,KESSEL, RIKUTEC,MAPEI и други. Во ортогоналната диспозиција на 17-те саемски хали, изложувачите беа фокусирани на изнаоѓање начини за заштеда на енергија, пронаоѓање енергетски ефикасни производи, адаптација и модернизација во градењето
.


Објавено во бр.99, петок 30.01.2009