Тимот американски научници од Универзитетот во Централна Флорида се убедени дека нанотехнологијата може да ја надмине и последната пречка за издржливоста на батеријата на паметните телефони и донесоа револуција во областа на снабдувањето на енергија. Тие, исто така, имаат доказ за тоа.
Според резултатите објавени во списанието ACS Nano, откриен е нов процес на создавање флексибилни суперкондензатори, чиешто време на полнење на батеријата на паметните телефони се мери во секунди, додека за празнење треба повеќе од една недела.
Но тоа не е се, може да ја наполните батеријата над 30 000 пати, додека литиум-јонската батерија нуди само 1 500 полнења.
Супер-кондензаторите се состојат од милиони нанометарски тенки жици и обвивка обложена со дводимензионални материјали. Јадрото овозможува брз пренос на електрони за полнење и празнење, додека обвивката држи огромно количество на енергија во мал простор.
Суперкондензаторите сé уште не се спремни за комерцијална примена, но наскоро ќе може да се дојде до батерии за електронски уреди и за електронски возила.