Насловна / Архитектура / Басистот на Red Hot Chili Peppers ги собрал архитектите и плати за изградба на детско игралиште

Басистот на Red Hot Chili Peppers ги собрал архитектите и плати за изградба на детско игралиште

Еве што може да се случи кога познатите личности ќе се здружат со архитекти, изведувачи и носители на одлуки на градско ниво.

Американското архитектонско биро NBBJ во соработка со ESI Design го потпишува проектот на реновираното игралиште Nickerson Gardens во Лос Анџелес. Иако игралиштето изгледа визуелно привлечно, не би било вест да не учествуваше славна личност во неговата изградба.

2

Имено, архитектите за овој проект ги ангажирал Michael Peter Balzary, попознат како Flea, прочуениот басист на групата Red Hot Chili Peppers.

Не само што тој го водел овој проект, туку Flea и го финансирал, го собрал тимот, Управата за домување на градот Лос Анџелес (HALCA) и архитектите.

6

Сите тие заедно сакале да создадат простор кој подобро ќе и служи на заедницата, што е најголемиот проект за социјални домување западно од Мисисипи, како што наведува HALCA.

„Благодарни сме што ја поддржуваме заедницата со ново игралиште, кое може да донесе радост, забава и игра за цели семејства во текот на целата година“, изјави за Dezeen партнерот во NBBJ, Роберт Манкин.

4

Сите актери на проектот се сложиле дека се почестени што се во прилика да се најдат меѓу многуте организации кои се обединиле да обезбедат простор за рекреација за оваа заедница, за која сметаат дека е историски недоволно опслужена.

5

Рециклирани материјали во фокусот

Проектот вклучува реновирање на игралиште од 1.640 квадратни метри, каде што архитектите од ESI Design креирале многу тобогани, лулашки и вртелешки за децата на оваа заедница, а кои ги обезбедила компанијата за опрема за игралишта, Kompan.

3

За облагање на теренот за игра користени се рециклирани материјали, како се наведува, лесно се чистат и поправаат, а материјалот е обоен во портокалови и жолти бои кои не избледуваат.

Поради високите летни температури во текот на летото во Јужна Калифорнија, тимот вградил во проектот „столбови за водена пареа“ за разладување и структури кои создаваат засенчување. Во склоп на игралиштето има и простор за рекреација за возрасни.

1

Архитектите го подариле проектот

Интересно е што проектот првично произлегол од ангажманот на музичарот со заедницата за време на пандемијата Ковид-19, кога тој овде волонтирал.

Компанијата NBBJ, пак, придонесе за целата приказна со својот про боно проект.

7

„Ова игралиште е повеќе од само место за игра. Нашите деца во Wotts мора да знаат дека ни се важни, а вложувањето на Flea во оваа заедница е потсетник дека тие не се заборавени“, рече претседателот на Watts Gang Task Force, Donny Joubert.

0

Испрати коментар

Scroll To Top