Насловна / Вести / BASF планира да изгради топлинска пумпа со големина на фудбалско игралиште

BASF планира да изгради топлинска пумпа со големина на фудбалско игралиште

Германската компанија BASF вели дека „создава хемија за одржлива иднина“. Со цел да ја постигне зацртаната цел за јаглеродна неутралност до 2050 година, компанијата сака да ја искористи отпадната топлина за производство на пареа во својот производен процес. За да го реализира тоа, потребна е моќна топлинска пумпа со големина на фудбалско игралиште. Компанијата покренува иницијативи за одржливост речиси во сите индустриски сектори. BASF во моментот работи на плановиет за изградба на индустриска топлинска пумпа во Лудвигсхафен во Германија, која ќе игра клучна улога во компаниската стратегија за заштита на климата. Седиштето на BASF е токму во овој град.

basf1

Хемиските постројки на оваа компанија генерираат голема количина на топлина, а значителен дел од таа топлина останува неискористена. Оттаму се родила идејата за обновливост. Со цел да ја намали својата потрошувачка на фосилни горива, BASF ќе ја подигне оваа отпадна топлина на повисоко температурно ниво, со помош на топлинска пумпа со моќност од 120MW, и на тој начин ќе овозможи да се произведува процесна пареа за потребите на погонот. Минатата година, BASF склопи стратешко партнерство со компанијата MAN Energy Solutions, за реализација на овој проект во Лудвигсхафен. Ваквиот начин на производство на процесна пареа е ефикасен и без емисии на CO2. Половина од количините на пареа кои компанијата моментално ги користи се произведуваат во конвенционални индустриски топлани кои користат фосилни горива. BASF има амбициозна климатска стратегија. До 2030 година, сака да ги намали емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, како и купувањето на енергија за 25%. Целосна јаглеродна неутралност компанијата има намера да постигне до 2050 година.

basf2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top