Германскиот хемиски гигант БАСФ соопшти дека нема да побара од Европската комисија продолжување на дозволата за употреба на фипронил во третирање на семенскиот материјал. Оваа одлука доаѓа во ек на скандалот со контаминираните јајца кој ги тресе земјите членки на Европската унија. „БАСФ од деловни причини одлучи да не ја продолжи регистрацијата на (фипронил) за третирање на семињата во Европа” – изјави портпаролот на германската компанија, додавајќи дека сегашната дозвола истекува на 30 септември