Шпанското архитектонско студио “BCQ” го претстави проектот за модернизација на мостот во Барселона, така што ќе се додаде бетон кој го разложува аерозагадувањето, ќе се постават вертикални градини и ќе се додаде светлечки тротоар. Со Одлука на Градскиот совет на Барселона, мостот познат како „Сараевски мост“ ќе добие нов живот и намена.
Мостот проаѓа преку фреквентен пат, па целта е со оваа модернизација да се создаде подобар амбиент за пешаците. Тој ќе биде реконструиран со употреба на фотоосетлив бетон кој истовремено го неутрализира загадувањето на воздухот.
Бетонот има способност да ги апсорбира азотните оксиди од воздухот и да ги претвора во неопасни материи кои потоа се испираат со дождовите. Фотолуминисцентната компонента, пак, овозможува апсорпција на светлината во текот на денот, и така се обезбедува минимално одржливо осветлување на мостот преку ноќта.