Насловна / Вести / Барот Jet Set отворен на местото на првата белградска дискотека

Барот Jet Set отворен на местото на првата белградска дискотека

Jet Set е најавен како многу повеќе од само бар, овој амбициозен проект комбинира повеќе намени одеднаш. Станува збор за бар, коктел театар, џез и дискотиека. Локалот Jet Seta е отворен на местото на првата белградска дискотека „Кај Лазо“.

1

Проектот за ентериерот е доверен на студиото Static Aesthetic. Уредувањето на просторот дало одговори на шарената содржина планирана за новото иконично место на ноќниот живот во Белград.

3

Тематски простории

Jet Set својот просторен распоред кој води во круг од влезот до главната сцена, го искористил на практичен и тематски поврзан начин.

Првата просторија, која е и место за добредојде, е дизајнирана едноставно и ефектно: фонтаната Негрони како централна фигура и слободен простор околу неа. Ова е всушност место за собирање на гости каде ноќните дружења и идните настани започнуваат.

2

Архитектот го истакнува овој внатрешен детал како функционален, но и декоративен дел од просторот, изработен од челик со висок сјај кој и дава на просторијата нота на свеченост. Специјално за оваа намена фантаната е порачана од Америка и пренесена оттаму во првата просторија на барот.

7

Од Негрони зоната се влегува во зоната на голем бар со шанк за околу 15 луѓе. Шанкот е поставен централно, висок 90 сантиметри, со цел да го поврзе просторот на шанкерот и гостите и да ги избрише јасните граници меѓу нив.

За шанкот, како и за претходната сала, користени се материјали како челик и дрво, а завршен е со загасито темно огледало и пригушено декоративно осветлување.

6

Овој простор е фоајето на салата за главните настани и задолжителна станица за љубителите на одлични коктели, разговори со шанкерот и клубска атмосфера.

13

Третата просторија е еден вид кабаре сала. Раскошниот централен лустер е првиот ентериерски елемент што се забележува. Дело е на познатиот белградски занаетчија Виктор Киш, исто така од метал.

4

Елеганцијата е дополнета со дел за седење облечен во кадифе, завеси како преградни елементи за влезот во собата и, на крај, централно поставена бина. Оваа сала собира околу 30 луѓе.

Последна станица – кабаре зоната е целосно опремена за настани: џез забави, тематски забави, читања, претстави.

9 5 11

Испрати коментар

Scroll To Top