Насловна / Архитектура / Барокната градска куќа оди на продажба

Барокната градска куќа оди на продажба

Советот на Град Скопје, по предлог на градоначалникот Петре Шилегов изгласа одлука за продажба на барокната Градска куќа на кејот на реката Вардар.

“Објектот којшто е изграден од Градот, откако е дојдено новото раководство на градската администрација, во неговото завршување имаме вложено 3,2 милиони евра. Ова докажува дека ниту имало намера, ниту тенденција да не се заврши неговата изградба“, вели Шилегов.

sovet grad

Тој додаде дека се правени напори објектот да се стави во функција, но по сите направени анализи за капацитетот на изградениот објект е заклучено дека само три петтини од вкупниот број на вработени би можеле да се сместат во него, односно само 352 вработени.

Исто така, тој го посочи и фактот дека е крајно нефункционална внатрешноста на објектот заради неговата форма.

“Локацијата на градската куќа за мене е многу несреќно избрана, бидејќи народски кажано таа е отпат и тргната е на страна од главната градска инфраструктура, а за да дојдете до неа имате слаба конекција со јавниот транспорт. И мислам дека градската куќа треба да се наоѓа на многу посоодветна локација како што и го личи главниот град и како што е стандард секаде во светот“, истакна Шилегов.

Тој изрази жалење што советниците од опозицијата ја напуштиле седницата и не можеле да ја чујат неговата идеја да се формира комисија во која би членувале советници, односно да бидат вклучени сите како Совет. Таа комисија да биде задолжена за продажбата, но и за евентуалното купување на некој друг објект на многу посоодветна и подостапна локација за граѓаните на Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top