Насловна / Вести / BARCODE CAFE, Тетово – од експеримент до реализација

BARCODE CAFE, Тетово – од експеримент до реализација

01

Улицата „Дервиш Цара“ во централното градско подрачје во Тетово, во последно време прераснува во главно собиралиште на младите од градот. Уште еднo во низата е BARCODE CAFE, дело на веќе докажаниот и афирмиран проектантски тим на BMA (Besian Mehmeti Architects) составен од Бесиан Мехмети, Арменд Хабипи, Стефан Атанасоски и Никола Кунгуловски.

06

Потребата од дополнително проширување, зголемување на понудата и капацитетот на локалот биле појдовните барања на клиентот, чиишто префинети барања и идеи биле вклучени и понатаму во проектантскиот процес. Се започнало од тоа да се направи нешто специфично, невидено, во една доза можеби и екстравагантно, но во секој случај восприемливо за човечко око – прифатливо.

05

„Претходните правени студии, истражувања на параметричкиот дизајн, директни и индиректни искуства во студиото на BMA беа еден поттик, а истовремено и предизвик за внесување на таквиот дизајн во рамки на овој проект за внатрешно уредување, нормално, дополнително охрабрени и од клиентот, таквиот екперимент да се реализира“, вели Бесиан Мехмети.

04

Параметричкиот дизајн (параметричка архитектура) во концептот на уредување на просторот е внесен преку интерпретацијата на баркодот во обработката на плафонот како нов начин на прикажување на врската со името на локалот, а нормално и созадавање на препознатлив елемент и мемориска слика кај секој посетител. Оваа дрвена параметричка обработка на плафонот го зазема влезниот и двата бочни модули во просторот веднаш над шанкот и со своите димензии зафаќа 60% од вкупната површина на плафонот.  Истовремено се користи индустрискиот дизајн со употреба на необработен метал, видливите инсталации, металните завршетоци на ентериерната обработка – шанкот, користењето на необработена метална мрежа за опшивање на дел од ѕидовите до парапетна висина, како и нејзина употреба кај плафоните. Употребата на дрвото во подната обработка, зачувувањето на тулата – елемент од претходниот концепт и нејзиното дополнително користење, употребата на топлите бои, завршната ѕидна обработка со црна боја за табла го дополнуваат овој простор кој плени со својата релативна едноставност и пријатно чувство.barcode-ceiling

„Со дополнителната интервенција и проширувањето се добива еден П облик на просторот во кој шанкот го зазема централно место, и кој со својата позиција и димензии истовремено ги опслужува корисниците и ги насочува кон останатите делови од просторот. Тој заедно со параметричката обработка на плафонот ја создаваат првата впечатлива, но не и последна препознатлива слика за овој простор“, потенцираат од BMA.10

Во внатрешното уредување на просторот се внимава и во изборот на ентериерната опрема – мебел (високи и ниски столици, маси, табуретки, фотелји итн.) со чија поставеност и организација се овозможува создавање на различни амбиенти и катчиња во рамки на еден простор, во секој случај меѓусебно компонирани и ненаметливи едно на друго. Изборот на декоративни детали, амбиенталното осветлување дополнително го збогатуваат овој простор.0809

„ Комплексноста на овој проект претставуваше една движечка сила на проектантскиот тим на BMA, да се направи нешто невообичаено, а истовремено функционално и одржливо, нешто што ќе предизвикува позитивни мемории кај сите посетители – корисници, бидејќи тие се оние за кои и се прави архитектурата. Финалниот продукт, задоволството кај клиентот и корисниците, ни даваат дополнителен мотив дека за секоја издржана идеја и екпсеримент, постои и реализација. Токму тоа успеавме да го постигнеме со овој проект за внатрешно уредување“, дообјаснува завршувајќи го разговорот Мехмети, а она што дефинитивно може да се почувствува во овој простор е тоа што овие стремежи на Бесиан се во целост остварени.

3 _ 6. Preseci

Нескриена желба на секој архитект е реализираниот проект да создава позитивни реакции во однос на својата функционалност, естетска и обликувана урамнотеженост, да емитира пријатни чувства кај секој посетител и корисник. Уште поголемо е задоволството кога до самата реализација ќе се стигне ако се започнало од еден експеримент во кој постои сомнеж дека може да биде и успешен и финализиран како проект.

Model

7 коментари

  1. Sovrseno poveke od maximalno koristen prostor za ovoj tip na objekti.
    Toplinata sto go dava ovoj dizajn ke gi natera gostite poveke da go posetuvaat i ostanat vo nego.

    Im zaviduvam na timot za smelosta i realizacijata na ovoj projekt . Cestito

  2. Кваката на машкото WC е на право место 🙂

  3. Како да не е во Македонија! Браво!

  4. Gledam povekje stilovi nafrlani eden na drug kako da site pripagjaat na edno mesto sto e fizicki nevozmozno.

  5. A kade se naogja tocno vo Tetovo ?

  6. kujna 27cm. blisku do wc … ahaaaa i ova go vidov!!!

Испрати коментар

Scroll To Top