Насловна / Вести / „Бараката“ која никна во трговскиот центар „Бисер“ ќе се усогласува со елаборатот за поставување на времени објекти и урбана опрема

„Бараката“ која никна во трговскиот центар „Бисер“ ќе се усогласува со елаборатот за поставување на времени објекти и урбана опрема

По сторијата на Телевизија 24 и увид на две инспекции, Општина Аеродром конечно го виде она што сите со денови го гледаа и што не изникна преку ноќ. На платото на главниот влез од булеварот „Јане Сандански“ во трговскиот центар „Бисер“ изграден е објект, („барака“) кој треба да биде пекара „Силбо“. На дивоградбата претходно реагираа дуќанџиите од трговскиот и инспекцијата на Град Скопје. Градоначалникот Златко Марин одлуката ја соопшти писмено.
„Инспекцијата на Општина Аеродром му наложи на сопственикот во определениот рок да ја усогласи урбаната опрема со елаборатот заверен во Град Скопје. Во спротивно, Општина Аеродром, согласно со своите надлежности, ќе пристапи кон присилно извршување“ соопштија од Општина Аеродром.
„Забележени се сериозни отстапувања меѓу новиот елаборат и фактичката состојба утврдена на лице место. Конкретно, поставен е фиксен покрив од челична конструкција, фиксни ѕидови и прозорци со челични столбови, внатрешни гипскартонски ѕидови и подни керамички плочки. Ова е спротивно на новоприложениот елаборат и Правилникот за поставување урбана опрема на Град Скопје. Исто така, има отстапување и од должината на поставениот објект“ – велат од Општина Аеродром.

силбо2
Останува нејасно што значи „ сериозни отстапувања меѓу новиот елаборат и фактичката состојба утврдена на лице место“. Значи ли ова дека имало и предходен, „стар“ елаборат каде изведениот објектот бил одобрен со елаборат за урбана опрема? Во соопштението нема одговор кој, зошто и како дозволил дивоградба да никне во центарот на трговскиот и зошто се чекало објектот да се изгради, а дури потоа да се реагира, ниту дали ќе има одговорност.
Сопственикот на „Силбо“ вели дека ќе постапи по решението на Општина Аеродром.

силбо1

Испрати коментар

Scroll To Top