Луѓето од архитектонската фирма Thaipan Studio, по внимателното разгледување на оригиналната состојба на објектот, кој го карактеризира малку ексцентричен и застарен изглед, одлучиле новиот дизајн да задржи дел од историјата на ентериерот, искористувајќи ги белите плочки и, генерално, белата боја.
Сјајниот бел ентериер на барот Butterfly во Банкок е дизајниран да алудира на главниот актер на барот – млеко!
Над 12 илјади бели плочки со едноставен дизајн биле искористени за да се креира чиста, футуристичка атмосфера, пишува Designboom.
Во комбинација со белите плочки, кои се основа на дизајнот, користен е мебел од дрво направен по мерка.
Во барот Butterfly, може да се конзумира пробиотски јогурт, како и други пијалаци и десерти направени од органско млеко.