Малото место Камикатсу во Јапонија, го изразува својот еколошки настроен став преку наградуваниот бар Kamikatz Public House, кој не генерира штетни емисии и во целост е изграден од рециклиран отпад.
Барот е дизајниран од архитектот Хироши Накамура, кој за овој проект ја освоил наградата WAN Sustainable Buildings 2016, и тоа не само заради изгледот на објектот, туку и заради неговата одржливост.
Идејата за изградба на бар е во согласност со долгорочната визија на градот за рециклирање на 100% од својот отпад (во моментот е 80%). Во склоп на објектот има и мини пиварница за производство на сопствен бренд пиво.