Насловна / Арт и дизајн / Бар инспириран од гимнастика

Бар инспириран од гимнастика

бар гимнастика (2)

Дизајнерското дуо David / Nicolas, инспирација за креирање на ова парче мебел ја добиле од убавиот спорт – гимнастика.

Најновите парче во нивното портфолио е Bar Michele. Гимнастичката греда претставува баланс и уникатно парче мебел, со употреба на еклектична мешавина на материјали. Кожа, полиран месинг, ирански бел Оникс мермер и црн обоен метал се споени во креацијата на ова дуо од Бејрут, за да се создаде овој интересен и невообичаен бар.бар гимнастика (3)

На овој бар може да се седи, може да се „јава“, и да се стои поред него. Кожните краеви на гредата може да се користат за седење, благодарение на висечката конструкција под гредата. Овој бар е дополнително ексцентричен благодарение на висината која варира помеѓу стаклото и белиот оникс.

Инаку, барот е реализиран за приватен клиент.

Испрати коментар

Scroll To Top