Величествениот баобаб е убедливо најиконичното дрво на африканскиот континент. Постојат девет видови од кои два потекнуваат од Африка. Овие џинови можат да пораснат до 1000 години!
Приказните и легендите за баобабите отсекогаш се раскажувале со генерации. Па така е и во Танзанија. Танзанците веруваат дека во дрвото има некаква мистикa. Позната е приказната која раскажува дека во времето кога Бог го завршувал светот знаел дека во Африка треба да создаде нешто корисно. Дека водата секогаш ќе биде проблем на континетот, па така ги смислил бабобаите. Планот бил дрвото да се направи шупливо на врвот за да може да складира вода по дождовите. Бог бил многу горд на ова создавање, но ѓаволот не мислел така. Ѓаволот се одмаздил превртувајќи ги сите дрвја наопаку. Ако погледнете баобаб, ќе забележите дека изгледа како корените да штрчат кон небото, а шупливиот дел сега е во долниот дел на стеблото.
Шупливите стебла Бушманите ги користат како засолниште. Некои стебла може да бидат доволно големи за да примат до 30 луѓе. Дрвениот материјал на дрвото не е многу корисен, бидејќи е премногу мек со текстура како сунѓер. Плодовите од друга страна се исклучително корисни и многу здрави. Денес се повеќе луѓе го сметаат плодот на баобабот како супер овошје. Исто така од семките може да се извади маслото и да се користи како хидратантна крема.
Вообичаено децата кои растат во Африка, го берат плодот од дрвото. Ќе налеат во него вода ќе го протресат неколку минути по што добиваат прекрасен свеж сок. Самото овошје е од бело до светло црвено и ако е дрвото квалитетно, може да биде многу слатко.
Во Танзанија денес насекаде може да се најде обработено овошје баобаб во продавниците и уличните штандови. Луѓето сакаат да го јадат, особено кога патуваат, бидејќи веруваат дека го спречува гадењето и мачнината при патување.
Во дивината, животните зависат од баобабот како извор на влага, а во областите каде што живеат слонови, забележливо е дека кората на дрвото е излупена. Слоновите го прават тоа бидејќи кората и месото на дрвото се уште се полни со вода дури и во многу сушна сезона. Понекогаш слоновите откинуваат премногу од дрвото што предизвикува негово изумирање.
Некои животни работат заедно за да имаат корист од дрвото. Особено бабуните се оние кои се качуваат на дрвјата и ги фрлаат плодовите за жителите на земјата како што се импалите, брадавичестите свињи, биволите и слоновите.
Националниот парк Тарангире во Танзанија е одлично место да се видат овие огромни дрвја во нивната природна средина.