Европските финансиски институции и меѓународни инвеститори и банки, вклучувајќи ги BlackRock и јапонските мегабанки, и овозможуваат на европската индустрија на јаглен и натаму да опстојува. Тие на компаниите од овој сектор им обезбедиле 12 милијарди евра инвестиции и уште 9,8 милијарди евра во заеми и гаранции за помалку од една и пол година. Ова се вели во извештајот на организацијата Europe Beyond Coal и нејзините партнери. Ваквата финансиска поддршка ја намалува способноста на европа да ги достигне целите на Парискиот договор и го попречува развојот на обновливите извори на енергија, с евели во соопштението на оваа организација. извештајот под името Fool’s Gold – The financial institutions risking our renewable energy future with coal, анализира осум европски и четири значајни меѓународни финансиски институции кои се во блиски врски со осум европски енергетски компании, кои меѓу другото се и најголемите загадувачи во Европа. Откриено е дека овие финансиери продолжиле да им доделуваат средства на компаниите кои се одговорни за половина од сите емисии на CO2 од јагленот во ЕУ во 2019 година, и тоа само една година откако Меѓународниот панел за климатски промени (IPCC) го објави Специјалниот извештај за глобалното затоплување од 1,50C. Извештајот ги третира компаниите: RWE (Германија), PGE (Полска), EPH (Чешка), ČEZ (Чешка), Enel (Италија)/Endesa (Шпанија) и Fortum Fortum/Uniper (Германија). Повеќето од овие компании планираат да престанат да користат јаглен, но не во временските рокови кои ги бара струката или со проблематичен модел за енергетска транзиција на нивните портфолија.
Европскиот инвеститор кој има највеќе вложено во јаглен, е Норвешкиот пензиски фонд, кој инвестирал 1,5 милијарди евра во акции и обврзници, а потоа следуваат Credit Agricole со 1,4 милијарди, sa 1,4 milijarde, Allianz со 1,1 милијарди и Deutsche Bank со една милијарда. Ширум светот, вложувањата на компанијата BlackRock достигнуваат седум милијарди евра, се наведува во извештајот. На страната на кредиторите, на првото место е UniCredit со 2,8 милијарди евра заеми и гаранции, следуваат BNP Paribas со 2,1 милијарди, Barclays со 1,7 милијарди и Societe Generale со 1,3 милијарди.
Јапонските мегабанки Mizuho Financial Group, Sumitomo Mitsui Financial Group (SMBC) и Mitsubishi UFJ Financial Group (MUFG) обезбедиле заеми и гаранции во вредност од 1,9 милијарди евра. Кога е потпишан Парискиот договор, овие финансиски институции многу добро знаеле дека напуштањето на јагленот е приоритет. Тоа што тие и денес ги поддржуваат компаниите од секторот јаглен со милијарди евра, и покрај јасните упатства од IPCC, значи дека свесно ја подриваат борбата против климатските промени. Европските финансиски институции речиси секоја недела ги објавуваат своите намери за промена на деловните политики така што ќе ја ограничат соработката со овој сектор во 2020 година. Додека некои од нив веќе имаат усвоено многу стриктни правила во овој сегмент, други пак имаат слаби и недефинирани процедури, а трети допрва треба да докажат колку се сериозни во своите намери.
Извештајот Fool’s Gold покажува дека огромна финансиска поддршка и натаму доаѓа до секторот за јаглен. Секоја финансиска институција која била предмет на анализа тврдела дека ќе ја ограничи соработката со овој сектор, но бројките зборуваат поинаку.