Насловна / Арт и дизајн / Бањата на славниот Банкси кога поради пандемијата морал да остане дома

Бањата на славниот Банкси кога поради пандемијата морал да остане дома

Речиси е невозможно одговр на глобалната порака #останидома да нема Банкси. На почетокот на карантинот, наместо некој ѕид во Лондон, овој пат на општо невоодушевување на неговата  сопруга, „настрадала“ нивната бањата.

002

Тезата дека ситуација ги изедначува сите слоеви на општеството затоа што, како што се вели, „вирусот не бира и нема работно време“, е поткрепена со делото на популарниот мајстор за улична уметност, мистериозниот Банкси. Иако на крајот на 2019 година сликата од шимпанза кои седат во британскиот парламент ја продаде за неверојатни 12 милиони долари и така стигна до својот најкомерцијалниот момент, и тој исто така беше принуден да остане дома. За среќа, производството не трпи.

003

„Мојата сопруга мрази кога работам од дома“, напиша тој на Инстаграм за своето дело, односно „освежената“ бања во семејниот дом. Инаку, неговиот профил кој има повеќе од осум милиони следбеници, покрај рекламирањето на нови мурали, и најчесто политичко – социјални пораки, служи и за потврда на автентичноста. Тајновитоста на Банкси, всушност, има и своја цена – на почетокот нему му се припишуваат многу мурали, а јавноста несомнено дознава дека станива збор за „оригиналниот Банкси“, дури откако ќе го објави делото на своите социјални мрежи.

001

Со текот на годините, тој стана еден од најпознатите и најкреативните противници на капитализмот, а за неговите дела пишуваат и расправаат најпознатите светски критичари и медиуми. Тој, пак, се обидува да направи спектакл од сè што прави, па многумина му симнуваат капа не само поради неговата уметност, туку и поради неговиот маркетинг талент. Дури и најконзервативните експерти признаваат дека ја прави уметноста забавна – снимката од перформансот во која неговата слика ненадејно беше уништена пред зачудените посетители на аукцијата во 2018 година го обиколи светот, а целиот процес на крајот во видеото го објасни и самиот уметник.

Испрати коментар

Scroll To Top