Владата на Бангладеш планира до 2021 година секое домаќинство во оваа земја да се напојува со соларна енергија, и така да стане првата соларна нација. Проектот „Соларен домашен систем“ (SHS) е многу значаен поради фактот што голем број домаќинства во Бангладеш немаат пристап до елктродистрибутивната мрежа, дури и оние што се поврзани на мрежа немаат стабилно снабдување со електрична енергија.
Во моментот околу 15 милиони домаќинства користат соларна енергија, а месечно на оваа бројка се приклучуваат околу 50-60 илјади нови домаќинства. Пред четири години бројот на домаќинствата што користеле соларна енергија бил еден милион, што значи растот во оваа област е навистина интензивен.
Проектот „Соларен домашен систем“ (SHS) го финансира Владата на Бангладеш и Светската банка, а во план е до 2017 година да има инсталиран капацитет од околу 220MW во соларни системи.