Премиерката на Бангладеш Шеик Хасина Вазед, во северниот дел на земјата го отвори првиот склад за храна кој добива струја од сончевата енергија, а чиј капацитет е 25 000 тони зрнести плодови, пренесоа британските медиуми.
Модерниот, неколкукатен склад, е изграден со финансиска и техничка подддршка на Јапонија.
Во оваа земја, во која честопати доаѓа до природни несреќи, складовите за храна имаат исклучително значење за да се обезбеди производството од поплави и други штети.
Бангладеш е четвртиот по големина производител на ориз, но речиси целото негово производство е неменето за локалното население, кое брои 160 милиони лица. Земјата честопати има потреба од увоз за да се справи со недостигот, а кој најчесто се должи на природните несреќи, како поплавите или сушите.
Бангладеш годишно увезува околу 4,5 милиони тони пченица за да ги покрие своите растечки потреби, додека локалното производство стагнира на ниво од околу еден милион тони.