Насловна / Арт и дизајн / Бананата залепена за ѕид се продаде на аукција за 6,2 милиони долари (ВИДЕО)

Бананата залепена за ѕид се продаде на аукција за 6,2 милиони долари (ВИДЕО)

Провокативното дело на Маурицио Кателан, банани залепени на ѕид со самолеплива сребрена трака, продадено е за неверојатни 6,2 милиони долари на аукција на Sotheby’s во Њујорк, што е четири пати поголем износ од проценетиот.

Аукциската куќа наведе дека кинескиот инвеститор во криптовалути Џастин Сан победи шест други понудувачи за да дојде до уметничката инсталација „Комичар“ од италијанскиот уметник.

„Во наредните денови лично ќе ја изедам банана како дел од уникатно уметничко искуство“, истакна Сан.

Џастин Сан ја води блокчејн мрежата „Трон“, која овозможува разни трансакции со криптовалути.

Залепената банана, која сега е веројатно најскапото продадено парче овошје, всушност била купена претходно истиот ден за 0,35 долари, пишува Њујорк Тајмс.

Делото „Комичар“ првпат беше откриено во јавноста во 2019 година и веднаш стана сензација и предизвика бројни дебати и расправии за тоа што всушност е уметност.

Инсталацијата, која го обиколи светот како дел од различни изложби, доаѓа со инструкции како да се замени бананата кога ќе скапе.

 

Испрати коментар

Scroll To Top