Зелениот фонд на ОН за борба против климатските промени собрал само 2,3 милијарди долари, соопшти генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, сумирајќи ги резултатите од вчерашната средба на високо ниво посветена на климатските промени.
Оваа сума е далеку од целта, што Фондот ја има поставено, до крајот на годината да собере 10 милијарди долари и по 100 милијарди долари годишно по 2020 година. Средствата се наменети за помош на сиромашните земји за поголемо користење на обновливи извори на енергија и справување со последиците од климатските промени.
Генералниот секретар нагласи дека приватни банки се ангажирале за емитување на зелени обврзници во вредност од 20 милијарди долари и дека компаниите се подготвени двојно да ги зголемат зелените инвестиции до крајот на 2015 година на 82 милијарди долари.