Насловна / Вести / Балтик-Крк нов гасен коридор за заобиколување на Русија

Балтик-Крк нов гасен коридор за заобиколување на Русија

lng_receiving_terminal_600x450
Хрватска со помош од Европската комисија би требало до 2019 година да изгради ЛНГ терминал за течен нафта гас на островот Крк, со што би се направил голем чекор кон диверзификација во снабдувањето на западна и дел од источна Европа со гас, пишува „Јутарњи лист“.

Конечната цел е поврзување на ЛНГ терминалнот на Крк и оној во Балтикот, во Полска, со што би се создал северно-јужен енергетски коридор, Балтик-Крк, и ќе се овозможи снабдување со гас на Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, и Хрватска со заобиколување на Русија.

Изградбата ќе чини околу 630 милиони долари. Таа ќе биде кофинансирана од Европската Don’t just assume that a driving test has exactly what you’re looking for. комисија, а наскоро треба да биде дадена локациска дозвола.
Проектот, со кој, конечно, Хрватска ќе стане важен европски енергетски јазол, одеднаш доби важност по ескалацијата на кризата во Украина и желбата на западна Европа да се реши енергетската зависност од Москва, а стручњаци од американската влада веќе и помагаат на хрватската влада во реализацијата на проектот, пишува весникот.

При неодамнешната посета на Дубровник и германската канцеларка Ангела Меркел му порача на претседателот Иво Јосиповиќ дека ЕК ќе го кофинансира овој проект.
Копнениот дел од терминалот би се простирал на површина од 332.101 квадратни метри. Mаксималниот капацитет на терминалот би бил шест милиjарди кубни метри гас годишно.

Испрати коментар

Scroll To Top