Јавното претпријатие „Србијагас“ и унгарската компанија ФГСЗ го поврзаа на границата со Унгарија гасоводот Балкански тек, по кој во иднина гас од Турција преку Бугарија и Србија ќе стигнува до средна Европа.
Од денес Унгарија ги закупува капацитетите, а Србија станува важна транзитна земја за средна Европа. Првите количини на транзитен гас низ Србија за средна Европа започнуваат на 1 октомври.
„Кога на границата се спојуваат две цевки, кои доаѓаат од две држави, тоа се нарекува златно поврзување. Кога ќе дојдеме до златното поврзување, тоа значи дека гледаме крај на овој проект и дека снабдувањето со гас ќе започне наскоро “, рече Ференц Саболч, претседател на Управниот одбор на „ФГСЗ “.
Душан Бајатовиќ, генерален директор на „Србијагас“, изјави дека на овој начин се става крај на долгогодишната голема работа со која земјата конечно го реши прашањето за снабдување со гас од друга насока, а не само преку Украина.