Вечер во Музеј на град Скопје, во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Балкански современ акварел“. На изложбата ќе учествуваат шеснаесет автори од Македонија (В.Ташковски, Т.Јанчевски, И.Кафкалески, Н.Бутров, Д.Ордев, О.Димитриева Оља и С.Цветановски), БИХ, Бугарија, Србија, Хрватска и Турција.
Покрај желбата да се направи увид во состојбите на овој план на актуелниот миг во балканските земји, намерата е преку изложбата да се влијае врз менувањето на сфаќањата за инфериорната положба на акварелот во поглед на неговото вреднување.
Куратор на проектот е младиот историчар на уметност Виктор Божурски.