Насловна / Вести / Балкански енергетски и финансиски форум 2017

Балкански енергетски и финансиски форум 2017

Balkanski energetski forum

Производството на електрична енергија во земјите од Западен Балкан е сериозно зависно од јагленот. И покрај фактот што земјите од регионот имаат сериозна посветеност кон исполнување на целите за обновливи извори до 2020 година, како и подобрувањата кои се направени во легислативната и регулаторна рамка, сепак сериозни се предизвиците во однос на привлекувањето нови инвестиции во енергетскиот сектор, особено оние инвестиции кои нема да се потпираат на фосилните горива. Оваа состојба и натаму ја блокира целосната енергетска транзиција на регионот кон обновливите извори и енергетската ефикасност. Како треба да се профилира пазарот на обновливи извори во Југоисточна Европа? Како да се трансформира енергетскиот сектор за да биде конкурентен? Кои се критичните индикатори за мобилизација на енергетските инвестиции во регионот?  На овие и други прашања ќе дискутираат учесниците на Балканскиот енергетски и финансиски форум кој треба да се одржи на 4ти и 5ти декември 2017 година во Белград. Се работи за јубилеен 10ти форум. Минатата година форумот исто така се одржуваше во Белград.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top