„Green World Conferences“ ја организира втората по ред „Balkan Wind Power 2014“ во Белград на 24 и 25 март. На конференцијата ќе бидат претставени достигнувањата на водечките компании во областа на законската регулатива во врска со изграбдата на ветерни електрани, комерцијалните можности на Балканот, финансирањето на проектите, опциите за развој на ветерни паркови во регионот и други активности.
Веќе е најавено учество на повеќе реномирани компании и институции како на пример: „Continental Wind Partners“, „Elektroprivreda BiH“, EDRD, kFW, Хрватската енергетска регулаторна агенција (HERA) и “Vestas”.