Руската фотографка Јулија Артемјева ја открила несекојдневната убавина и поврзаност помеѓу балерините и цвеќињата.
Таа ја забележала визуелна сличност помеѓу балерините во различни пози при танцување и одредени цвеќиња.
Одлучила да ја испроба својата интуиција, па ангажирала балерина за една оригинална фото-сесија. Имено, Јулија од неа барала со своите танцови пози да претстави различни форми на цветови.
На крајот, таа ги поврзала со слики од цвеќиња и ги објави во рамките на колекцијата со едноставното име Балерини и цвеќиња.