Насловна / Архитектура / Бакарни кули кои танцуваат

Бакарни кули кои танцуваат

Kuli tanc

„American Copper Buildings“ е проект на компанијата SHoP. Ќе се наоѓа на Менхетн каде иако има многу импресивни облакодери, проектот сепак ќе се издвојува од останатите. Прекриени со 1,9 милиони килограми бакар, овие луксузни резиденцијални објекти се искривени на таков начин што изгледаат како да танцуваат.„American Copper Buildings“ се состои од две кули со по 41 односно 48 ката.

Kuli bakarni Menheten

Според компанијата што ги изведува работите, JDS Development Group, препознатливиот дизајн под агол не е само од естетски причини, туку на овој начин се постигнува поширок поглед кон морето. Имајќи превид дека проектот е планиран веднаш по ураганот Sandy, големо внимание е посветено на сигурноста во случај на поплави или други непогоди. Така на пример, просторот што првобитно бил наменет за пентхаус апартман претворен е во простор каде ќе бидат сместени пет генератори кои ќе овозможат непречено снабдување со електрична енергија во случај на испади и прекини во електричната мрежа.

Kuli bakarni

Освен сигурноста, и луксузот ќе биде секојдневие за станарите на овие кули. Тие ќе имаат на располагање 22-метарски базен, уреден парк и фонтана во внатрешноста на објектот, потоа спа центар, како и карпа за спортско качување. Сите овие содржини се сместени на височина од 91 метар каде со помош на 30 метри долг мост двете кули се спојуваат.

SHOP-Architects-American-Copper-Building-7

„American Copper Buildings“ е во фаза на отворање, па добар дел од вкупно 761 стан се веќе зафатени. Закупнината се движи од 3,200 $ месечно за студијата, додека за двособните апартмани треба да се одвојат 6,650 $. Најголемите станови со по три соби како и пентхаусите се уште не се целосно завршени и не се понудени на пазарот.

Kuli bakarni terasa Kuli bakarni kujna so dnevna soba Kuli bakarni fasada

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top