Бакарот е интересен материјал, кој може да се користи за славини и декоративни елементи во купатилата. Исто така, овој материјал како избор со својот специфичен изглед и структура може да биде идеален и за дизајнирање на останатите простории во еден дом или јавен простор.
За полесно интегрирање во декорот и боите што сте ги избрале за своето купатило, бакарните кади може да бидат комбинирани и со бел премаз од внатрешната страна. Секако, бакарните кади не се вообичаен елемент во купатилата, независно од стилот. Но, ако сакаме нашето купатило да се потенцира со одреден сегмент и специфичен материјал, бакарните кади се навистина идеална можност. Па така, бакарната када може да изгледа убаво во медитерански декор, во традиционално купатило, во индустриски простор, но и во рустична куќа.